Светлината и среќата се вратија во домот на Велковски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По објавената сторија за семејството Велковски од Куманово голем број граѓани и организации ги посетиле и им однеле храна, облека, обувки, а донирале и пари.

Електричната енергија повторно е вратена во нивниот дом и тоа само неколку часа по објавената сторија за Бране Велковски и неговото семејство.

Заедно со своите волонтери организираше посета на семејството при што беше донирана хуманитарна помош која се состоеше од прехрамбени пакети, кебиња, топла облека и обувки, а како што можеме да забележиме на фотографиите повторно имаат и струја.

 

Loading...

 

Четири илјади денари се месечните примања со кои 47-годишниот Бране Велковски од Куманово треба да ги издржува сопругата и двете малолетни деца, двегодишниот Алексеј и Лана која има една година.

Бране тешко се грижи и самиот за себе затоа што неговиот вид 95% е оштетен, а проблеми со здравјето има и неговата сопруга Тања. Триесет и седум годишната мајка е по потекло од Србија, а бидејќи се уште нема македонско државјанство не може да работи.

 

 

Неговата трансакциска сметка е во Стопанска банка: 200002002232088

Сите добронамерни граѓани можат да го контактираат и неговото семејство на телефонскиот број 079-254-148.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/716296668746619/

Leave a Reply