Светилник стар 120 години спасен со неверојатно преселување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Веќе 120 години, светилникот Руберг Кнуде стои на песочната дина на северниот брег на Данска, но тешката ерозија на почвата како резултат на силните ветрови се заканува дека ќе го „фрли“ во море.

Loading...

Затоа, беше решено да се премести светилникот во копно, но без уривање и обнова. Така, извршено е неверојатно преместување на конструкција од тешка 72 тони, кој беше поставен на тркала.

Движењето на светилникот траеше неколку часа, а „старото момче“ се смести удобно на еден рид 70 метри на копно.

Еден од локалните градежници, Клијд Петерсон, објасни како помина процесот.

„Не можевме да одиме побрзо од 12 милји на час затоа што хидрауликата требаше да се калибрира. Подлогата е песок и едноставно моравме да се погрижиме да оди рамномерно на две шини“, рече тој.

На почетокот инженерите пресметале дека светилникот може да тежи околу 1000 тони, но кога се крена и откриле дека има 720 тони, работата поминала полесно од планираното.

Таа е популарна туристичка дестинација и оваа огромна песочна дина ја посетуваат околу 250.000 туристи годишно.

https://www.facebook.com/fyretflytter/videos/2577316389001856/

Leave a Reply