Свештеник барал верници да му купат авион: И Исус да дојде не би седнал на магаре (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Телевизискиот проповедник ги повикал своите следбеници да му купат авион вреден 54 милиони долари затоа што „и Исус денеска да е на Земјата не би јавал на магаре“.

Џеси Дуплантис се огласил во својата редовна емисија „Оваа недела со Џеси“ каде тврди дека Бог лично му рекол да купи Фалон 7Х, пишува news.sky.com.

Овој свештеник е првиот човек на „Џеси Дуплантис црквата“ која судејќи според податоците на сајтот работи најмалку 40 години. Тој објаснил дека веќе има авион, кој го купил во 2006 година, но кој не му овозможува да го обиколува светот во еден круг. Објаснува дека новиот авион, за осум патници и тројца членови на екипажот, значи дека нема да мора да плаќа превисоки цени за гориво ширум светот.

Како изгледа најголемиот храм на сатанистите? (видео)

Loading...

Дуплантис на верниците им објаснил дека станале партнери во купувањето на Фалкон. Тој следбениците ги охрабрува да донираат до 1.000 долари за неговите цели.

– Во една од најголемите пораки која ми ја пренесе Господ, ми рече: „Џеси, сакаш да дојдеш каде што сум јас горе?“

– Прашав како мисли тоа да го сторам и ми рече: „Пред да прашаш, ќе ги одговорам. Сакам да веруваш во мене кога ќе ти кажам за Фалкон.“ Одговорив: „Ок, но првата работа која ми паѓа на памет е како да го платам тоа? – го прашал Исус.

Српски свештеник приведен под сомнение дека продавал дрога

– Тогаш се сетив на големат аизјава која ми ја кажа во 1978 година, тогаш ми рече: „Џеси, не барав да го платиш, туку да веруваш дека ќе го добиеш“. Јас верувам во тоа дека кога Исус денес би одел по земјата сигурно не би јавал на магаре, смета Дуплантис.

Leave a Reply