Свечена седница на Советот на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со свечена седница на Советот на Општина Куманово денеска заврши одбележувањето на петвековниот јубилеј и 75-годишнината од ослободувањето на градот.

Loading...

На свеченоста присуствуваа броји делегации од централната и локалната власт, делегации од збратимените општини, од локалните самоуправи од државава.

Максим Димитриевски кој истакна дека општината во рамките на своите надлежности, вложува видливи напори да го одржува нејзиниот напредок.

– Чекориме кон иднината, која бара конкретни решенија за подобро секојдневие на луѓето, решенија за секаква животна потреба на луѓето. Располагаме со можности за обезбедување на тие потреби, преку организиран и плански начин, кој ги препознава приоритетите, како примарни обврски, рече Димитриевски.

Loading...

Свое обраќање имаше и претседателката на Советот, Атина Мургашанска која истакна дека е обврска да се породлжи да се гради иднината на европски перспективи, но со сопствени вреднсоти.

– Само така Куманово ќе го задржи епитетот град на мирот и ќе остане пример за мултиетнички соживот. Единствена мултиетничка заедница која има израдено цврсти темели на соживот и успеа да се спротистави на сите предизвици. Најголем пример за тоа се граѓаните на Куманово, рече Мургашанска.

Манифестацијата ја воеда актерот Сашко Коцев и водителката Татјана Стојановска, а истата беше збогатена со настап на хорот „Кочо Рацин“, Денс студио МАК, како и настап на пејачките Мерима Његомир и Виолета Томовска.

Leave a Reply