Сува трева викендов гореше на две локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две интервенции на запалена сува трева викендов бележат кумановските пожарникари

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била вчера околу 2 часот по полноќ, кога сува трева и смет се запалиле во атарот на селото Љубодраг. На терен излегле тројца пожарникари кои за еден час го изгаснале огнот. Причината за избувнување на пожарот бил човечки фактор.

Сува трева горела и кај клучката кон Крива Паланка, каде во период од 13:00 до 15:00 часот во текот на вчерашниот ден интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. Причините за избувнуваењето на овој пожар засега се непознати.

Leave a Reply