Сува трева вчера горела на две локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две интервенции на запалена сува трева бележат кумановските пожарникари во изминатото деноноќие, инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била во атарот на селото Горно Којнаре, каде во период од 14:50  15:35 часот гаснеле тројца пожарникари.

Сува трева горела и покрај железничката пруга во атарот на Агино село каде исто така тројца пожарникари делувале во период од 18:45 до 20:30 часот.

Причините за избувнување засега се непознати.

Leave a Reply