Сува трева, но и запален автомобил гаснеа кумановските пожарникари викендов

Сподели со своите пријатели

Опожарено патничко возило вчера горело во близина на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово.

Како што информират од Регионалниот центар за управување со кризи од засега непознати причини се запалил автомобилт, по што интервенирале тројца пожарникари во период од 16:30 до 17:35 часот. Пожарот бил изгаснат, а причните за неговото избувнување засега се непознати.

Уште пет пожари викендов се регистрирани на подрачјето на Општина Куманово, сите од отрен тип, а горела сува трева.

Завчера вопериод од 20:15 до 21:15 часот тројца пожарникари гаснеле запаленсува трева во месноста Багрем бања во населбата Перо Чичо.

Сува трева горела и во атарот на село Романовце, каде завчера исто така интервенирале тројца пожарникар во период од 20:37 до 21:35 часот.

Вчера пожар на сува трева избувнал и во селото Довезенце, каде на терен излегле четворица пожарникари и делувале од 14:50 до 17:00 часот.

Слични пожари вчера во доцните попладневни часови се бележат и на локалитетот Пчински пат и во селото Черкезе. И двата пожарисе ликвидирани од вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово.

За сите наведени случаи, не е позната причината за избувнување на огнот, ниту висината на материјалната штета.

Leave a Reply