Сува трева на три локации викендов гаснеле кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Три помали пожари на запалена сува трева биле регистрирани на подрачјето на кумсновско во текот на изминатиот викенд, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата била завчера во 13:20 часот кога вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово добиле повик за запалена сува трева во атарот на селото Винце. На терен веднаш се упатиле тројца пожарникари со едно возило и пламените јазици ги ликвидирале во 16:40 часот.

Запалена сува трева и стрниште се регистрирани и во атарот на селото Ргинце, општина Старо Нагоричане, каде во 15:30 часот се упатиле двајца пожарникари од Куманово кои заедно со екипата од тројца пожарникари на Старо Нагоричане. Пожарот бил ликвидиран во 20:20, но на активните жаришта се интервенирало до 15 минути пред полноќ.

Третата интервенција исто така била на запалена сува трева и стрниште, овој пат во атарот на селото Кутлибег. Тројца пожарникари интервенирале од 17:00 до 19:40 часот.

Причината за избувнување на пожарите засега останува непозната.