Сува трева и шума гореа во селото Алгуња

Сподели со своите пријатели

Сува трева и нискостеблеста шума вчера гореле во атарот на селото Алгуња, односно маалото Татариновац, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

На терен излегле четворица пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, двајца вработени во општината и еден вработен од Шумско Стопанство Куманово. Интервенцијата траела во период од 12:00 до 18:30 часот.

Причината за избувнување на пожарот засега не е позната.

Сува трева горела во селота Ваксинце, Младо Нагоричане и Сув Орах.

Leave a Reply