Сунак за Зеленски: Неговата посета на Британија е потврда за храброста и борбата на Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во среда, 8 февруари, ќе ја посети Велика Британија.

Loading...

Ова ќе биде негова втора посета на европска земја по инвазијата на руските војници на територијата на Украина.

– Посетата на претседателот Зеленски на Велика Британија е потврда за храброста, решителноста и борбата на неговата земја, како и потврда за нераскинливото пријателство меѓу нашите две земји – рече премиерот Риши Сунак.

Се очекува претседателот на Украина да се сретне со Риши Сунак и со украинскиот воен персонал кои привремено се на воена обука во Велика Британија.

Освен тоа, Зеленски може да одржи говор пред британскиот парламент.

Посетата на Лондон ќе биде признание за водечката улога на Велика Британија, која по САД стана најголемиот донатор на меѓународна воена помош за Украина.

По повод посетата на Зеленски, британската влада најави нов пакет помош, вклучувајќи план за обука на украински пилоти на најновите борбени авиони кои ги исполнуваат стандардите на НАТО, како и нова програма за обука на украинските маринци.

Потоа Зеленски во четврток треба да пристигне во Брисел каде ќе учествува на самитот на ЕУ.

Loading...

Од почетокот на руската инвазија, Володимир Зеленски патувал надвор од Украина само еднаш, кога отишол во САД и застанал во Полска на враќање пред Божиќ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.