Сумата од 150 000 евра – пречка за КК Куманово да учествува во АБА лига

Сподели со своите пријатели

Уште пет дена му преостануваат на Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” да одлучи дали ќе се пријави за учество во претстојаната АБА лига, соопшти денес Младен Давидовиќ, директор на кумановскиот кошаркарски клуб.

Loading...

Учеството на престижната АБА лига, за клубовите не значи само игра, туку и уплаќање на 150 000 евра, сума која во моментот е превисока за вицешампионот КК Куманово, вели Давидовиќ.

– Во моментот, тоа што е добро за нас како клуб е учеството во Еврокупот на ФИБА и фактот што за учество мора да ги подмириме само патните трошоци. Сумата што од АБА се побарува од нас како клуб, односно од сите учесници, е поприлично висока. Во случај да најдеме мега спонзор кој би не` поддржал во намерата да учествуваме во АБА, секако дека тоа би било добро за нас. Рокот за пријавување на учество е отворен уште пет дена, и не знам каков ќе биде исходот, вели Давидовиќ.

Во сезоната 2015/16 година,  во АБА лигата ќе учествуваат 14 клубови. Во согласност со спортските критериуми, обезбедени места во Лигата имаат четирите најдобро пласирани екипи од српскиот државен шампионат, трите најдобро пласирани екипи од хрватскиот државен шампионат, две од државниот шампионат на Словенија и шампионите на БиХ, Црна Гора и Македонија.

Унион Олимпија ќе биде на 13- тиот учесник, додека името на 14- тиот претставник ќе биде познат по квалификациите.