Судот по грешка ја прогласил за мртва: Три години се обидува да докаже дека е жива!

Сподели со своите пријатели

Една жена во Франција е вклучена во бизарна правна битка затоа што беше принудена да се обиде да докаже дека е жива откако беше прогласена за мртва во 2017 година.

Loading...

Необичниот случај започнал откако судот во Лион ја прогласил Жан Пузан за мртва без потврда за смрт. Пресудата дошла на крајот на правниот спор со поранешен вработен во компанијата за чистење што Пузан некогаш ја водела. Жалбата завршила пред највисокиот француски суд – Касациониот суд, кој оценил дека случајот не е во нејзина надлежност. По неколку судски грешки, сè се завршило на апелациониот суд во Лион каде се прогласило дека Жан не е веќе жива, пренесуваат тамошните медиуми.

 

 

Според францускиот весник Франс Блу, одлуката е донесена врз основа на тврдење на незадоволен поранешен работник, без проверка на потврдата за смртта. Пузан вели дека ниту таа ниту нејзините роднини не добиле покана за испрашување. На крајот, судот им нареди на сопругот и синот на Жан Пузан да платат 14.000 евра на поранешниот вработен. Освен што е прилично чудно да се прогласува за мртов некој што уште е  жив, пресудата и донела на Жан низ компликации.

Бидејќи е „мртва“, тоа значи дека нејзиниот сопруг не може да пристапи до нивната заедничка сметка во банка, а таа нема своја сметка, не може да има лични документи или да добие здравствено осигурување.

„Повеќе не постојам. Јас не правам ништо … Седам на балконот и пишувам “, им се жали Жан на новинарите, додавајќи дека премногу се плаши да го напушти својот дом.

Loading...

Властите и го конфискуваа автомобилот на 58-годишната Французинка поради неплатен долг што таа исто така се обидува да го оспори, а кој е во основата на целата оваа чудна сага.

 

 

„Отидов кај адвокат кој ми рече дека сè ќе се реши многу брзо. „Отидов кај мојот лекар кој ми даде потврда дека сум добро и дека сум навистина жива, но очигледно овој документ не е доволен бидејќи се спротивставува на пресудата на судот“, вели Жан.

Адвокатот, кој на почетокот не можеше да поверува зошто Жан го вработува, поднесе и барање за поништување на одлуката од 2017 година поради „сериозна грешка“. Пузан се надева дека наскоро сè ќе биде решено на суд: „Ова е мојата последна шанса да си го вратам животот“, изјави таа.

Leave a Reply