Судот одлучи – Филмот за секс скандали во Католичката црква нема да биде блокиран

Сподели со своите пријатели

Францускиот суд одби да ја блокира дистрибуцијата на филмот кој е заснован на секс скандалот во Католичката црква.

Loading...

Филмот „Со Божја милост“ од францускиот режисер Франсоа Озон на филмскиот фестивал во Берлин освои гран при од жирито, а се занимава со свештеникот Бернар Прејн кој бил обвинет за злоставување на десетици момчиња во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век, пренесува АП.

Адвокатите на свештеникот велат дека филмот прикажува обвиненија против него како факти и дека треба да се блокира затоа што не ја почитуваат преузмпцијата на невиност.

Процесот против Бернар Прејн моментално е во тек.

Leave a Reply