Судот му наредил да исплати отшета на поранешната жена поради домашните задачи

Сподели со своите пријатели

Аргентинското правосудство пресудило дека маж на својата поранешна сопруга треба да исплати милион песоси (околу 150.000 евра- на име отштета за домашните задачи кои ги извршувала во период од 27 години од бракот, пишува локалниот печат.

Loading...

Станува збор за 70-годишна жена која дипломирала економија, но не работела затоа што се посветила на подигањето на децата во текот на заедничкиот живот.

– Економската зависност на жената од сопругот еден е од главните механизми со кои жентие се држат во таква положба во општеството, објаснила судијката Викториа Фама.

Станува збор за разумна сума која требало да создаде економска рамнотежа меѓу поранешните сопружници, смета судијката.

– По 27 години брак, сопругот ја напушта својата жена кога имала 60 години, во доба за пензионирање на жени и таа останала без средства за живот затоа што била исклучена од светот на работата, се наведува во пресудата.

Парот живее оделно од 2009, а се развел во 2011 година.

Финансиското обештетување е воведено во Граѓанското право во 205 година и може да се исплати еднократно, како месечен приход или отстапување на добра или други приходи.

Leave a Reply