Судии и лекари овозможиле затвореник да биде ослободен предвреме

Сподели со своите пријатели

На четворица судии при основниот суд во Прилеп, претседател на судот и на четворица лекари од Битола и Скопје, МВР им поднесе заедничка кривична пријава со која сите деветмина се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за помагање во тоа кривично дело.

Loading...

Од прилепското Основно јавно обвинителство потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава од МВР. Конкретно четворицата судии и претседателот се осомничени за злоупотреба на службената положба, а четворицата лекари за помагање во извршувањето на кривичното дело.

Станува збор за убиство кое лицето го извршило на 30 септември 2006 година во Прилеп, кога со ловечка пушка го убил 29 годишниот Љупчо Коларовски поради нерасчистени должничко – доверителски односи.

Како што вели полицијата, првите петмина пријавени судии заедно со лицата вработени како доктори во Психијатриска болница во Демир Хисар и доктор вработен во КПУ „Идризово“ во периодот 2012 до 2014 година преку пречекорување на службените овластувања, како и преку изготвување невистинита медицинска документација, му овозможиле на осудениот на затворска казна од 10 години и 7 месеци, да не издржи голем дел од изречената казна.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.