Судењето за „Диво насеље“ одложено и денес

Сподели со своите пријатели

Денешното рочиште за случајот „Диво насеље“ повторно е одложено за една недела, односно на 6ти јуни, откако денеска судот донесе таква одлука поради отсуството на адвокатите на обвинетите лица.

Но, неприсуството на новинарите, според информациите на националните портали е поради лошата координација на судската полиција, која не им дозволила ниту на адвокатите, ниту на новинарите да влезат во зградата на Врховниот суд.

Претходно неколку пати поради различни причини беше одложувано рочиштето, а последен пат тоа беше поради здравствени проблеми на судијката.