Судан: Автобус удри во паркиран камион, 16 загинати

Сподели со своите пријатели

Патнички автобус удри во паркиран камион на автопат во суданскиот град Омдурман во вторникот рано наутро, при што загинаа најмалку 16 лица, соопшти полицијата, јави Анадолија.

Loading...

Во несреќата, информираат од полицијата, се повредени најмалку 19 лица.

Причината за несреќата не е позната

Автобусот се движел кон Картум од Фашер, главниот град на провинцијата Северен Дарфур, соопшти полицијата.

Причината за несреќата сѐ уште не е позната.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во Судан поради лошо одржуваните патишта и недоволното спроведување на сообраќајните закони.

Илјадници луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи во оваа сиромашна африканска земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци