Суд во Италија пресуди во корист на деца кои не сакаат да ги видат своите баба и дедо

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот Врховен касационен суд одлучи дека децата не мора да ги гледаат своите баба и дедо ако не сакаат.

Loading...

Пресудата на судот е донесена вчера во постапката што ја покренале родители на две деца, жалејќи се на одлуката на пониска судска инстанца со која децата биле принудени да поминуваат време со своите баба и дедо и роднини од татковата страна, пренесува Гардијан.

Повеќегодишниот правен спор го покренале бабата, дедото и братот на таткото, кои поднеле тужба до судот за малолетници во Милано затоа што не можат да се сретнат со децата „поради пречките што ги поставуваат родителите на децата“ со кои се во семејна расправија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Милано сакаат да забранат сладолед и пици по полноќ: „Го правиме за мир“

Лондонскиот весник наведува дека според италијанскиот закон за семејство, кој стапи на сила во 2006 година, бабите и дедовците на дете од разведени родители имаат право да побараат од судот, во случај родителите на детето да им забранат да го гледаат детето, да одлучи дали таквата забрана е незаконска.и дали ја нарушува благосостојбата на детето.