Студентите може да полагаат испити и со физичко присуство на факултетите

Сподели со своите пријатели

На вчерашната владина седница беше донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба.

Loading...

Уредбата се носи со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи, а воедно спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19, имајќи ја предвид вонредната состојба.

Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот,  со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска,  магистерска теза, и докторска труд.

Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба, може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за  примена на протоколот.

Владата на оваа седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба  се применуваат мерките за обезбедување на  редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

Никола Ивановски

Leave a Reply