Студено време со врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето утринава и во текот на ноќта беше облачно проследено со умерен до засилен северен ветер, кој во вечерните часови достигнуваше брзина од 80-100 км/час.

Loading...

Врнежите во поголемиот дел од земјата беа од снег. Во долниот тек на Повардарието и во Штип утринава врне слаб до умерен дожд. Снегот е поинтензивен утринава на југозападот, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што појаснуваат синоптичарите, облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег, ќе имаме во текот на денешниот ден.

Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде.

Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат мешани со снег.

Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне само 3 степени. Во текот на ноќта врнежите ќе продолжат, но на 4 степени под нулата.

Loading...

Leave a Reply