Стресот виновник за вишокот килограми

Сподели со своите пријатели

Колку е повисоко нивото на стрес на работното место и дома, толку поголеми се шансите човек да ја надмине оптималната маса, покажува едно британско истражување во областа.

Специјалисти од Лондонското медицинско училиште набљудувале над 6000 мажи и над 3000 жени во период од 19 години. Во поважните моменти од животот респондентите пополнувале специални формулари каде се отчитувало нивото на стрес на работното место и моменталната телесна маса.

Под стрес во науката се вбројуваат состојби како зголемени барања во работата, ограничувањето на земање на решенија или ниската социална подршка, како и во личниот живот – загуба на близок човек, разводи и разделби со партнерот.

Експертите се категорични дека „ високото ниво на психолошки стрес е основната причина за зголемувањето на килограмите“.  Ова не дека не изненади, но пак е доказ за сериозноста на таквата теза.