СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА: Камион се преврте од надвозник, возачот загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тешка сообраќајна несреќа во која загина 53-годишен унгарски возач на камион се случи на обиколницата во Љубљана пред тунелот Головец.

Loading...

Несреќата ја предизвикал возачот на патничкиот автомобил кога изгубил контрола и се судрил со приколка при претекнување на камион.

Камионот, заедно со возачот, паднал над заштитната ограда во бездна длабока околу 20 метри, пренесува Независне новине.

Според првите информации од порталот Клип.си, словенечкиот возач (41) на патничкиот автомобил „Опел Корса“ се судрил со камионот поради неприлагодена брзина.

Возачот на камионот го загубил животот во несреќата, а возачот на патничкиот автомобил не е повреден.

Голема штета е направена и на двете возила, но за среќа немало опасни материи во резервоарот на камионот.

Оштетено е уште едно возило и делови од патната инфраструктура.

Поради полициска истрага, сообраќајот на автопатот во правец на Стирија беше во прекин неколку часа.

Loading...

Ужасната снимка од несреќата ја објави компанија автопатишта на Словенија „Дарс“ како предупредување за возачите дека безгрижната и неправилна брзина може да има фатални последици.

Leave a Reply