СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: Автобус остана без кочници и газеше се пред себе (видео)

Сподели со своите пријатели

На видео снимката зебележана од камера на еден автомобил, прикажана е страшна сообраќајна несреќа која се случила во Сеул, најголемиот и главниот град на Јужна Кореја.

Во оваа несреќа, две лица го загубиле животот, а шеснаесет се полесно или потешко повредени. Главниот актер на несреќата е автобусот, кој со полна брзина налетал на колоната автомобили на автопатот.

Автомоилите летале на сите страни, а еден од нив останал и под тркалата на автобусот.

Некои медиуми пренесуваат дека на автобусот му откажал системо за коење. Меѓутоа, со оглед на зачестеноста на ваквите несреќи, постои можност возачот да не ја забележал навреме колоната возила која го успорила.