Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит

Сподели со своите пријатели

Англискиот фудбал и неговата доминација на меѓународната сцена може да станат колатерална штета на имиграциската политика што Велика Британија има намера да ја спроведува по брегзит, а која вклучува ограничување на бројот на странски играчи во фудбалските клубови.

Loading...

Според новите правила, клубовите во англиската Премиер лига од јануари 2021 година нема да можат да потпишат договор со повеќе од тројца странски играчи на возраст под 21 година во кој било преоден рок, а најмногу шест такви договори ќе бидат дозволени во текот на целата сезона.

Новите правила беа договорени на 1 декември со договор меѓу Фудбалскиот сојуз, Премиер лигата и Англиската фудбалска лига.

Во исто време, по завршувањето на преодниот период по брегзит, на 31 декември, Велика Британија ќе го укине специјалниот имиграциски статус за граѓаните на Европската унија и наместо тоа, ќе воведе систем заснован на бодување.

Имигрантите кои сакаат да се сместат во Обединетото Кралство ќе треба да имаат работа и плата од најмалку 25.600 фунти годишно, да имаат најмалку средно образование и да зборуваат англиски.

Правилата за фудбалските sвезди ќе бидат малку поинакви.

Според системот за кој се согласија раководните тела на англискиот фудбал, а го потврди и британската влада, странските играчи ќе добијат поени за потенцијални договори засновани врз бројот на меѓународни настапи за сениори и помлади, бројот на клупски настапи и рејтингот на клубот што ги продава.

Доколку соберат доволно поени, ќе добијат одобрение од главното фудбалско тело да потпишат договор со англиски клуб.

Loading...

Англиските клубови нема да можат да потпишат договори со странски играчи на возраст под 18 години, што е тежок удар за клубовите како Арсенал, Челзи или Манчестер Сити, кои со години носат странски тинејџерски sвезди, претежно од Европа, во своите младински клубови и фудбалски академии.

Правилата со кои се ограничува доведувањето странски играчи може да ги намалат шансите на многу водечки британски клубови.

Англиската фудбалска асоцијација се уште гледа на брегзит како можност да им понуди можност на младите домашни играчи да играат во највисоките лиги и можност да и помогнат на националниот тим на тој начин.

Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс оцени дека „можноста да продолжи да ги регрутира најдобрите играчи ќе и овозможи на Премиер лигата да остане конкурентна и возбудлива“.

„Решението ќе придонесе за нашата филозофија за развој на играчи, а тоа е – најдобрите странски таленти и најдобрите домашни играчи“, вели Мастерс.

Златко Шумковски

Leave a Reply