Стотици илјади мртви риби лебдат во река во Австралија: Жителите повикуваат на расчистување

Сподели со своите пријатели

Жителите на австралискиот град Менинди во државата Нов Јужен Велс ги повикаа властите брзо да дејствуваат и да започнат со расчистување откако беа пронајдени стотици илјади мртви риби како пливаат во блиската река Дарлинг, јавува денеска Ројтерс.

Loading...

Ниските нивоа на кислород во втората најдолга река во Австралија беа причина за масовно изумирање на риба кон крајот на минатата недела во близина на градот Менинди, околу 1.000 километри западно од главниот град Сиднеј, соопштија еколошките власти.

Како што наведоа, слично изумирање на риба во истото подрачје имало и во 2018 и 2019 година, кога милион риби угинале поради слаб проток и квалитет на водата и ненадејна промена на температурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти доцна во неделата дека во градот бил формиран оперативен центар за итни случаи за да го координира отстранувањето на рибите кои се распаѓаат и да организира снабдување со чиста вода.

Професорот за здравје на водни животни од Универзитетот во Сиднеј, Џој Бекер, рече дека ќе биде потребно долго време за да се опорави екосистемот на реката.