Стопирани испораките на гас за земјите кои го одбиваат да плаќаат во рубљи

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија го прекинала снабдувањето со природен гас на земјите кои одбиле да се префрлат на системот за плаќање во руски рубљи.

Loading...

Говорејќи пред новинарите во Москва, Песков потсети дека Русија воведе нов систем на плаќања во рубљи за испорака на руски природен гас.

„Испораките во земјите кои го отфрлаат системот за плаќање на природен гас во рубљи се стопирани. Системот е прилагоден и работи. Оние кои купуваат гас работат според новиот систем наведен во соодветниот указ на претседателот на Русија“, рече Песков.

Руската енергетска компанија Газпром претходно ја прекина испораката на природен гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и некои европски компании поради неплаќање во рубљи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин најави спроведување на планот за преминување на руски рубљи за плаќање на природен гас.

Новиот систем, кој стапи на сила со декрет потпишан од Путин на 31 март, предвидува земјите кои купуваат руски гас да отворат сметка во Гаспромбанк, да вршат плаќања, а потоа да ги претвораат средствата во рубљи на Московската берза.

Путин претходно изјави дека договорите за снабдување со гас ќе бидат раскинати доколку „непријателските“ држави не го прифатат новиот систем.