Потребни производи:
-
5 моркови, сецкани
3 главици кромид, сецкани
2 конзерви излупени домати заедно со сок
1 голема зелка исецкана ситно
300 г зрел грав од конзерва, исцеден и исплакнат
2 л сок од домати
2 зелени пиперки, сецкани
10 стапчиња целер, исечен
1 коцка зеленчукова супа
сол
црн пипер
Подготовка:
Во голем сад ставете ги морковите, кромидот, доматите, зелката, гравот, пиперките и целерот. Потоа истурете го во неа доматниот сок и коцка супа. Додадете и толку вода колку да се покријат сите производи.
Loading...
Ставете го тенџерето на шпоретот на среден оган. Откако ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да врие под капак, додека сите состојки не омекнат.