Стомакот на оваа момче е се поголем, живее во страшни болки, не може да оди и да јаде… (видео)

Сподели со своите пријатели

Шаханур Алам (7) од Индија има стомак кој ја надмашил големината на две фудбалски топки и е неподвижен. На неговите родители им е потребна финансиска помош за да му помогнат на својот несреќен син кој секој ден се бори за живот.

Момчето не може да оди поради тежината на својот стомак, а се што јаде набргу потоа и го повраќа. Лекарите велат дека операцијата е единственито начин да го држат во живот, а таа чини 2.800 евра.

Отокот е предизвикан со двоен пеурален излив кој предизвикува големо зголемување на течностите.

Шамела и нејзиниот сопруг Салим уд Дин кои едвај составуваат крај со крај, ја повикуваат државата да им помогне за да го спасат животот на својот едиснтвен син.

Тој живее во екстремни болки. Не може да оди, не јаде. Ние го храниме со ориз, но секој пат го повраќа. Погледнете го, тој е само коски и кожа. Стомакот му е се поголем и поголем. Се плашиме дека ќе го изгубиме ако наскоро не добиеме некаква помош – вели мајката на оваа несреќно момче.

Родителите и натаму живеат во надеж дека се ќе биде во ред.

Немаме пари, но се надеваме дека Владат аи луѓето ќе ни пружат помош – вели таткото.

Овој пар го усвоил Алам ког аимал само седум месеци. Имаат и биолошка ќерка, а нивниот син бил здраво бебе и биле пресреќни што го имааат.

Меѓутоа, се се променило пред две години кога Алам се жалел на родителите дека има болки во абдоменот. Набргу неговите родители сфатиле дека има сериозен проблем затоа што неговиот стомак започнал ненормално да расте.

Ниту еден лекар не можел да утврди за што станува збор, дијагноза едноставно немало. Наместо тоа, ги испратиле родителите дома и им дале лекови против болки, меѓутоа, ефект немало.

Плеуралниот излив е наталожување на течности во белите дробови, а тоа може да биде симптом на рак.

https://youtu.be/QazTvpKNIPc

Loading...