Столтенберг загрижен дека Кина може да ја поддржи Русија

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека на Русија „не смее“ да ѝ се дозволи да победи во војната со Украина и изрази загриженост за можноста Кина да ја поддржи Москва во тој вооружен конфликт.

Loading...

„Путин не смее да победи, тоа би било опасно за нашата безбедност и безбедноста на целиот свет“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Јосеп Борела.

Тој во седиштето на НАТО во Брисел посочи дека Западот не гледа никаков знак дека претседателот Путин се подготвува за мир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

„Напротив. Денеска јасно кажа дека се подготвува за уште војна. Русија започнува нова офанзива, мобилизирајќи повеќе војници и посегнува кон Северна Кореја и Иран. Исто така, загрижени сме дека можеби Кина планира да ја поддржи руската војна. “, додаде Столтенберг.

Според него, НАТО и ЕУ мора да ја зголемат поддршката за Украина.

Столтенберг најави и средба на експерти од НАТО и ЕУ со претставници на Украина за земјата да го добие потребното оружје.

НАТО, вели првиот човек на Алијансата, веќе подолго време работи на зголемување на производството на оружје и муниција во земјите членки.

Тој додаде дека мора да се работи за, како што рече, „да се прекине кругот на руската агресија“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.