Столтенберг: Украина ќе биде дел од НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина ќе стане членка на НАТО „долгорочно“.

Loading...

„Сојузниците во НАТО се согласија Украина да стане членка на нашата алијанса, но тоа е и долгорочна перспектива“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Финска, Хелсинки.

Првиот човек на НАТО рече дека актуелното прашање е дека Украина останува независна нација во лицето на инвазијата на Русија.

Столтенберг зборуваше и за приемот на Шведска и Финска во алијансата и посочи дека има напредок во преговорите со Унгарија и Турција по ова прашање, но додаде дека не може да каже точен датум кога Шведска и Финска би можеле да станат членки.

„Време е да се ратификува договорот и да се поздрават како членки“, рече Столтенберг.

Тој рече дека е оптимист пред средбата меѓу Турција, Шведска и Финска во Брисел следната недела.

Столтенберг посочи дека Шведска и Финска го исполнија својот дел од договорот со Турција, што беше услов Ердоган да го „аминува“ пристапот на овие две земји во алијансата.

„Немаме точен датум, но се надеваме дека тоа ќе биде што е можно поскоро“, рече Столтенберг на прашањето кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на НАТО.

Loading...

Финската премиерка Сана Марин му посака добредојде на Столтенберг на самитот со нордиските лидери во Хелсинки и рече дека главни теми на самитот се ситуацијата во Украина и членството на Финска и Шведска во НАТО.

„Не гледаме знаци дека Путин ги менува своите планови. Тој планира уште војна, а не мир“, рече Столтенберг.