Столтенберг ненадејно ја откажа посетата на Берлин

Сподели со своите пријатели

На генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му е дијагностициран вирусот херпес зостер, па тој ќе одржи закажани состаноци во Германија и Романија преку видео врска, изјави денеска претставник на Алијансата.

Loading...

„Генералниот секретар ќе одржува состаноци поврзани со планираната посета на Германија и Романија од далечина, а не лично. Дијагностициран му е херпес зостер, кој може да се појави по „Ковид-19“, и работи од дома“, изјави службеникот за Ројтерс.

Столтенберг беше позитивен на корона вирусот во средината на мај, а за време на болеста имаше благи симптоми и работеше од дома, изјави портпаролот на Западната воена алијанса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Генералниот секретар на НАТО денеска во Берлин требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и да присуствува на состанокот со лидерите на Романија, Полска и Унгарија во петок во Букурешт, јавува Ројтерс.