Столтенберг: НАТО да ги разгледа безбедносните гаранции за Украина по војната

Сподели со своите пријатели

НАТО мора да разгледа различни опции за безбедносни гаранции за Украина по војната со Русија, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

Loading...

„Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има подготвени опции за да се осигура дека Русија нема едноставно да ги прегрупира своите сили за нов напад“, рече Столтенберг на брифинг со новинарите во Брисел, пренесе Ројтерс.

Истовремено, Столтенберг јасно стави до знаење дека НАТО, според одредбите од членот пет од Вашингтонскиот договор, обезбедува целосни безбедносни гаранции само за полноправните членки на алијансата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.