Столтенберг: КФОР останува на Косово

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека КФОР остануваат на Косово.

– Немаме план да заминеме. Улогата на КФОР во осигурувањето на безбедноста на Косово е важна, рекол генералниот секретар на Алијансата.

Столтенберг објаснува дека промената на мисијата зависи од ситуацијата на теренот.

– Промената на нашата мисија зависи од ситуацијата на теренот, тоа засега не е на агендата. Ја следиме ситуацијата, а сега таа е таква што присуството на НАТО силите е потребно, рекол Столтенберг на прес конференцијата пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

 

Loading...

 

На прашањето на српските новинари, како го коментираат ставот на албанските политичари дека КФОР пречи во формирањето на косовската војска, шефот на НАТО вели:

„Било каква промена во врска со косовските безбедносни сили мора да биде исклучиво во рамките на косовскиот Устав“.

 

 

Министерскиот состанок завршува денеска, а во центарот на фниманието ќе биде јакнењето на односите помеѓу ЕУ и НАТО, Северна Кореја, како и борбата против тероризмот.