Стојанче Величковиќ повторно именуван за началник на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Стојанче Величковиќ е назначен повторно на функцијата началник на Секторот за внатрешни работи Куманово во рамките на кадровските измени кои ресорното министерство започна да ги спроведува минатата недела.

Величковиќ и претходно беше началник на СВР Куманово, кога Оливер Спасовски стана технички министер за внатрешни работи, но веднаш со престанување на неговиот мандат беше вратен претходниот началник, Моме Јакимовски. Сега Јакимовски повторно е разрешен.

Старо-новиот началник во декември минатата година беше мета на упад од страна на јавни обвинители придружувани со специјалци и дефендери кои наводно против него отпочнале истрага за изборен криминал. Направија драма пред неговото семејство, му упаднаа во домот, одзедоа документи и си заминаа.

Тогаш Величковиќ посочи дека јавниот обвинител Марко Зврлевски, за кого деновиве се расправа за разрешување од функцијата, и тогашниот министер Митко Чавков дека го местат за случајот, затоа што не дозволил во Куманово да има изборни манипулации.

Инаку, меѓу кадровските промени во МВР, според засега непотврдени информации, за началник на униформираната полиција е назначен кумановецот Зоран Јовановски.

 

Loading...