Стоилковиќ и Велковски со бронза од Државното првенство во кик бокс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Александар Стоилковиќ и Лука Велковски од Кик бокс клубот Куманово 2006 викендов се закитија со бронза на Државното првенство кое се одржа во Градски парк Скопје, а во организација на Кик бокс федерацијата на Македонија.

Loading...

Стоилковиќ се натпреваруваше во дисциплината кик лајт јуниор од 80 килограми, додека Велковски во дисциплината кик лајт кадети до 63 килограми.

– И овој пласман и учеството на првенството го сметаме за успех со оглед на бројноста на натпреварувачите и конкуренцијата. Забележавме добар резултат и достојно го претставивме градот и клубот. Изразуваме благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови кои помогнаа финансиски да ги покриеме трошоците за годишната членарина во репрезентацијата и учество ви системот на натпревари за 2019 година. Се надевам дека соработката ќе продолжи, а ние ќе се одолжиме со добри резултати, изјави тренерот и професор по физичка култура Сашо Илиевски.

Инаку на Државното првенство годинава учествуваа 183 натпреварувачи од 30 клубови од државата.

Leave a Reply