Стоиљковиќ обвинува за заплашувања од полицијата, МВР негира

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден го стопирале и претресле возилото на кандидатот за советник од Коалицијата за подобра Македонија во Старо Нагоричане, Спаси Драган, инаку член на ДПСМ.

Претседателот на партијата, Иван Стољиковиќ вели дека полицијата  била брутална во претресот, и притоа го оштетиле возилото на Спаси Драган, а воедно го обвинува МВР дека ги заплашувала членовите на младината со цел да ги сопрат во лепење постери и разнесување пропаганден материјал.

– Во разговорот му е соопштено дека треба да престане со политичките активности, да престане со агитација на терен, бидејќи знае што ќе го снајде во таа смисла. Полициските сужбеници ги застрашуваат припадниците на нашата младинска организација не им дозволуваат да лепат предизборни постери и да делат предизборен материјал, дури полициските службеници повторно беа неидентификувани и им порачаат на младите „Порачајте му на тој Стоиљковиќ да го нема тука“ – вели Иван Стољиковиќ, претседател на ДПСМ.

Стоиљкови му порача на министерот Спасовски како што вели да си ги прибере полициските службеници и дека ваквкото однесување нема да помине.

Од МВР велат дека наводите на Стоиљковиќ се неточни.

– Во рамки на оперативна акција (која се разбира нема врска со Стоиљковиќ и неговата партија, туку со случај од областа на општиот кримнал) на поширок реон во кој влегува и делот од Старо Нагоричане, полициски службеници во рамки на своите работни и законски обврски забележале и се обиделе да запрат возило (за кое подоцна е утврдено дека го управувал активист на партијата на Стоиљковиќ), заради проверка на лицето и возилото, и по вториот обид по употреба на ротационен сигнал возилото застанало. Откако е направена контрола на возилото и возачот, возилото е пропуштено, а полициските службеници продолжиле со своите оперативни активности во рамки на зададената задача, стои во реакцијата на МВР.

Од таму апелираат граѓаните и политичките партии и нивни активисти да не ја злоупотребуваат полицијата во партиски и јавни настапи и дека се цврство решени да обезбедат мирен, фер и демократски изборен процес.