Стогодишник обвинет дека работел во нацистички логор и допринел за смрт на над 3.500 лица

Сподели со своите пријатели

Поранешниот СС чувар стар 101 година денеска негираше дека работел во концентрациониот логор Заксенхаузен, изјави портпаролката на судот Ајрис ле Клер.

Loading...

Обвинителите велат дека Џозеф С., член на нацистичката паравоена организација СС, придонел за смртта на 3.518 луѓе во логорот Заксенхаузен со тоа што редовно ја чувал караулата меѓу 1942 и 1945 година, објави Ројтерс.

 

 

Лекарите рекоа дека човекот, чие полно име не е откриено поради германските правила за известување од судењето, е само делумно способен да му се суди, па рочиштата ќе бидат ограничени на само два и пол часа секој ден.

Обвинетиот денеска остана на својот став дека не работел во концентрациониот логор Заксенхаузен, изјави портпаролката на судот Ајрис ле Клер.

Обвинителите, сепак, тврдат дека за време на неговата работа во концентрациониот логор, обвинетиот, меѓу другото, придонел и за стрелање на советските воени затвореници.

Loading...

 

 

Во обвинението се прецизира дека се работи за помагање во извршување убиства со употреба на отровен гас.

Затворениците биле убивани и со „несоодветна грижа и создавање и одржување услови опасни по живот“, а улога во тоа имал и осомничениот.

Според Ројтерс, во Саксенхаузен биле сместени главно политички затвореници од цела Европа, заедно со советски воени затвореници и Евреи.