Стево Пендаровски е новиот претседател

Сподели со своите пријатели

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и официјално е новиот претседател на Република Северна Македонија.

Loading...

Вечерва на последната прес конференција  претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски упати честитки до кандидатот на СДСМ, откако службите успешно процесираа 98,13 отсто од гласовите.

Пендаровски освоил 427.363 гласа, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има 368.679 гласови, а неважечки се 29.748 гласачки ливчиња.

Во проценти Пендаровски освоил 51,75 отсто, а Силјановска Давкова 44,65%.

Во текот на ноќта ќе се обработат сите гласови во Државната изборна комисија, кои ќе пристигнат и физички во нивните простории и во текот на утрешниот ден ќе бидат соопштени официјалните рокови за приговори.

Leave a Reply