Стефан Живановиќ: Во секој спорт можеш да успееш само ако тоа го сакаш

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишниот Сефан Живановиќ од Белград, искусен бек шутер висок 195 сантиметри е првото странско засилување за Кошаркарскиот клуб Куманово оваа сезона.

Тој доаѓа од Темишвар, клуб од романската лига, а во својата кариера бележи настапи и во дресовите на Смедерево, Металац, Раднички Баскет, ФМП, Вилбек и Игокеа.

Беше член на јуниорската репрезентација на Србија со која во 2007 го освои Европското првенство во Шпанија, но има и сребро на Медитерански игри во 2013, а од овој месец ќе ги брани сино-белите бои на КК Куманово.

Екипата на Кумановски Муабети меѓу останатото, разговараше со Живановиќ за неговите очекувања од претстојната сезона во редовите на вицешампионот.

stefan-zivanovic

КМ: Пред некое време стана дел од КК Куманово, па какви се твоите досегашни впечатоци?

  • Многу сум задоволен од стручниот штаб и со момците кои моментално се во тимот. Убаво ме пречекаа и прифатија што е најважно. Супер е атмосферата во екипата и тоа прилично ми се допаѓа.

КМ: Претпоставувам дека имаше можност да го разгледаш градот. Како ти се допаѓа?

  • Имав можност со соиграчите да излезам и да ми го покажат градот. Ми се допаѓа и многу е интересно тоа што секогаш има луѓе во центарот и кафулињата се полни. Убаво е кога видиш дека градот е жив и дека секогаш нешто се случува.

КМ: Како засега ти изгледа ситуацијата во македонската кошарка?

  • Јас лично мислам дека македонската кошарка е една од најдобрите во регионот и дека секоја година е се подобра и затоа и дојдов во Македонија.

КМ: Со оглед дека тренинзите се веќе во тек какви се твоите очекувања од претстојната сезона?

  • Тренираме секој ден и се обидуваме да се вклопите што подобро. Но, имамо мал проблем затоа што тројца играчи се со репрезентацијата и чекаме да дојдат уште 203 нови играчи. Ќе имаме малку време да се вклопиме, но ќе дадеме се од себе да се обидеме да направиме добра сезона како што направија и минатата година. Никогаш не се знае, можеби оваа сезона ќе направиме и изненадување.

КМ: Дали имаше можност да ги запознаеш репрезентативците на КК Куманово?

  • Не сум запознал ниту еден од нив, но сум слушнал за нив многу и се надевам дека добро ќе се сложуваме и дека ќе направиме добра атмосфера. Тоа се сериозни момци и играчи, така да се надевам дека се ќе биде како што треба. Од репрезентацијата засега го познавам само Марко Дујковиќ, затоа што една сезона игравме заедно во Металац од Ваљево.

stefan zivanovic

КМ: Какви се твоите очекувања од БИБЛ лигата со оглед дека имаш настапувано за повеќе странски клубови, веројатно си запознаен со противниците?

  • Никогаш немам играно балканска лига, но мислам дека сите екипи се со ист квалитет и дека тука може да се направи поголем успех. Како што веќе реков, ние на секој натпревар ќе дадеме се од себе во тој момент.

КМ: Како се роди твојата љубов кон кошарката?

  • Моите двајца постари браќа тренираа кошарка, а јас и татко ми секоја вечер ги возевме на тренинг и гледав како тие го прават тоа. Започнав и јас да тренирам и многу го засакав овој спорт. Целиот живот го посветив на кошарката. Во секој спорт можеш да успееш само ако тоа го сакаш. Така и во било која работа, ако ја сакаш ќе успееш.

 

Loading...

stefan-zivanovic-2

КМ: Што е најважното нешто што еден играч треба да го понесе со себе на терен?

  • Најважно е да излезеш на терен и да го дадеш својот максимум во тој момент. Некогаш ќе ти оди се, а некогаш се ќе застане. Важно е да се бориш за секоја топа и да се фрлиш и по ничиј бааскет, затоа што така го подигнуваш тимот на ноге, а и публиката. На тимот му даваш сила да го засили ритамот и да дојде до победа.

КМ: Кој е твојот клуч за успех?

Секогаш дај се од себе, затоа што ако не дадеш тогаш ќе се покаеш. Затоа на секој тренинг или натпревар треба да го дадеш својот максимум. Тоа можеш единствено ако го сакаш спортот или како што веќе реков, работата што ја имаш.