Стефан Мирчевски го фати крстот во Затворениот градски базен (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишниот Стефан Мирчевски беше најбрзиот пливач меѓу осумдесетината пријавени пливачи во трката за светиот крст во Затворениот градски базен во Куманово.

 

Loading...

Прв пат скокам по крст, на иницијатива на мојот професор по пливање во клубот „Тумба“, задоволен сум од настапот се трудев да дадам се од себе. На сите млади би им порачал кои немаа храброст да се пријават, селдната година да скокаат, бидејќи ова е многу добро чувство – рече Мирчевски кој инаку се занимава со тенис, а во последно време тренира и пливање.

 

Поради недоразбирање со свештениците, пливачите пред да биде осветена водата ја започнаа трката до светиот крст при што крстот го фати и Иван Антевски.

Како и секоја година и оваа посакувам да има многу здравје, да сте живи и здрави, да имате здравје, љубов и среќа, да нема војна, да сме сите заедно без ралзика на религија, да жиевеме слободно – рече Антевски.

 

Трката по светиот крст беше на иницијатива на трите пливачки клубови во Куманово, „Тумба“, „Делфин“ и „Аква“ во соработка со Општина Куманово и Кумановско-осоговската епархија.

Успеавме да направивме една ваква манифестација, спојување на модерното и традицијата. Манифестацијата предизвика голема заинтересираност и псоетители, што значи дека нас пливачките кклубови не потикнува за организирање на други манифестации како од хуманитарен, така и од натпреварувачки карактер – рече Александар Спирковски, организатор на настанот.

 

Loading...

Градоначалникот Дамјановски вели дека ова манифестација е направена поради поволните услови на градскиот базен, каде водата е топла и капачите можат побезбедно да скокаат до крстот.

Голем интерес на граѓаните тоа е забележително. Општината додели на попедникот на оној што го зема крстот, телевизор во износ од 10.000 денари, тоа е нешто што секоја година го даваме. Посакувам се најдобро на граѓаните на Куманово, Бог се јави, среќен празник за многу години – рече Дамјановски.

 

Во јавноста се појавија и осуди за ваквиот тип на фрлање крст во затворен простор и топла вода, но отец Здравковски од Кумановско-осоговската епархија вели дека тоа не е ништо проазлично од фрлањето крст во базените на црквите и дека тука нема ништо нехристијански.

И базените не се протечна вода, но работата е тука што на оние кои скокаат ќе им е потопло, и во базените на црквите се полни вода од чешма, не од река, не гледам разлика, само на оние кои стоеја не им беше студено – рече Игор Здравсковски од Кумановско-осоговската епархија.

 

Освен во затворнеиот градски базен, претходно крст се фрлаше и во базените на Храмот „Свети Нилола“ и црквата „Света Троица“.

 

Loading...