Стечаен управник на кумановска фирма заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против П.П.(56) од Штип за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 16.01.2017 година пријавениот, како стечаен управник на фирма во Куманово, извршил продажба на киоск кој бил дел од стечајната маса на стечајниот должник, а кој не евидентирал во стечајна маса на фирмата од Куманово, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 41.300 денари.

Leave a Reply