Стапката на невработеност во Британија е најниска од 1974 година

Сподели со своите пријатели

Стапката на невработеност падна на 3,7 отсто во првиот квартал, што е најниско од последниот квартал од 1974 година, соопшти Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Loading...

За прв пат, имаше помалку невработени отколку слободни работни места, иако падот на стапката беше поттикнат и од зголемувањето на бројот на луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот, покажуваат бројките.

 

ОН се обидуваат да овозможат извоз на житарки од Украина

 

ONS, исто така, го истакна обемот на кризата поради зголемените животни трошоци, откривајќи дека редовните плати, без бонусите, паднале за 2,9 отсто во март кога се зема предвид инфлацијата, што е највисока од ноември 2011 година.

Директорот за економска статистика на ONS, Дарен Морган рече дека податоците покажуваат „мешана слика за пазарот на трудот“.

„Вкупната вработеност останува под нивото пред пандемијата. Од почетокот на пандемијата, уште половина милион луѓе се целосно исклучени од пазарот на трудот“, рече тој.

Loading...

 

Некои германски градови кратат на улично осветлување поради заштедата на енергија

 

Тој додаде дека за време на падот на невработеноста на најниско ниво од 1974 година, всушност имало помалку невработени отколку слободни работни места за прв пат откако ОНС ги надгледувал податоците.