Стајиќ: Нема да се предадеме во полуфиналето

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва повторно брилираа, го совладаа составот на Блокотехна со што останува уште Гостивар до крајот на Суперлигата од македонската кошарка. Позитивно расположение владее во составот на Куманово и покрај ситените проблеми со кои се соочува клубот.

Натпреварите што останаа со Блокотехна и Гостивар резултатски не значат ништо за нас, но ќе дадеме максимум, вети Бобан Стајиќ.

– Овие натпревари со Блокотехна и Гостивар резултатски веќе ништо не значат, но секако дека ние, поготово на домашен терен ќе го дадеме својот максимум и посакуваме победа на секој натпревар. Блокотехна е моментално третопласирана на табелата што значи дека се работи за екипа со висок квалитет, но како и досега ја потврдивме нашата доминација на домашен терен, освен Охрид немаме пораз на домашен терен во Суперлигата и сакавме да остане и во последниот натпревар во Суперлигата, изјави Стајиќ.

 

Loading...

 

Во сабота се игра 10. коло од Суперлигата против составот на Гостивар по што ќе стартуваат натпреварите во Суперлигата, каде во полуфиналето до три победи Куманово ќе ги одмерува силите со Работнички.

– Ќе играме со Работнички, знаеме за каков противник се работи, но и знаеме дека не се непобедливи, еднаш загубија во оваа сала така да не се предаваме ќе одиме на победа на секој натпревар, иако на последниот изгубивме убедливо, но тоа и не беше од големо значење за нас. Продолжуваме понатака и нема да се предадеме во полуфиналето, додаде Стајиќ.

Leave a Reply