Стабилно време и релативно високи температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и малку потопло, со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Од вторник ќе е посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање. Ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка.

Leave a Reply