Срспката заедница и ДПСМ традиционално ќе го одбележат Бадник

Сподели со своите пријатели

Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите, по повод еден од најголемите Христијански празници „Бадник“, утре (сабота 06.Јануар) традиционално организираат сечење на Бадниково дрво и кршење на Бадникова погача.

Сечење на Бадниковото дрво ќе биде во село Љубодраг во 9:00 часот, додека кршењето на бадниковата погача е закажано традиционално во 12:00 часот во холот во зградата на поранешен Комитет.