Српските жени масовно даруваат коса за лица кои се лечат со хемотерапија (видео)

Сподели со своите пријатели

Во соседна Србија во моментот се одвива акција на магазинот Блиц, под наслов “Дарувајте коса, дарувајте сила”, како помош за изработка на перики за жени кои поради хемотерапија ја имаат изгубено својата коса.

Loading...

Со масовниот повик на социјалните мрежи, жените во Србија се повеќе се охрабруваат да ја донираат својата коса, и со испраќање на мејл или повик во редакцијата на Блиц, тие може да се приклучат на акцијата која според српските медиуми зема голем замав.

Бесплатното шишање ширум Србија го организира Сојузот на фризерските клубови, а во Белград, Академијата Пањковиќ го собира целиот собран материјал кој се носи во Училиштетото за нега и убавина каде професорите и учениците од фризерскиот смер изработуваат перики за жени кои веќе немаат своја коса поради хемотерапија.

Како што потенцира познатиот српски фризер – основач на Академијата Пањковиќ, за изработка на една перика се доволни само 20 см природна коса.