Српските гласачки ливчиња во Косово се броеја со скафандери!

Сподели со своите пријатели

Пребројувањето на гласовите на раселените Срби во во Косово се одвиваше со скафандаери, последен пат видени на Косово и Метохија за време на епидемијата на вариола вера, соопшти Српска листа (СЛ).

Loading...

– Срамниот обид за манипулирање со гласовите со цел да се грабне мандатот од српскиот народ и да се изврши притисок во Приштина се одвива пред очите на меѓународните претставници, кои генерално молчат, се вели во соопштението.

Набудувачите на Српска листа бараа да присуствуваат на пребројувањето на гласовите без никаква заштитна опрема, бидејќи е повеќе од јасно дека ова фабрикувано труење е измислица, велат од СЛ, но тоа не им е дозволено.

Српската листа посочува дека нема да дозволи некој да манипулира и да ја ограничи изборната волја на српскиот народ.

– На изборите на 6-ти октомври јасно е наведено дека Србите во Приштина се претставени од одговорни, чесни и горди Срби и Србинки и дека албанските партиски ликови и полтрони облечени во лажни претставници на Србите одат во политичка историја, се заклучува во соопштението.

https://www.facebook.com/rtklivecom/videos/1238352546374480/

Leave a Reply