Познатиот српски актер Драган Николиќ (71), ја преброди кризата и дише сам, јавува српскиот портал Блиц.
Николиќ, кој беше опериран неодамна, вечерва беше итно примен во болница каде докторите се бореа за неговиот живот. Тој беше ставен на апарати и не можеше да дише самостојно.
Актерот веќе одреден период боледува од тешка болест на дигестивниот тракт.
Николиќ во 1964 година ја доби првата филмска улога во ”Работите во вистинска состојба”, а првата значајна улога ја одигра во филмовите ”Кога ќе бидам мртов и бел”, како и ”Животот е убав” од 1967 година.
Познат е по многу улоги, но и по улогата во серијата ”Отпишани”, со улога на познатиот Прле.
Драган е оженет со познатата српска актерка, Милена Дравиќ.