Српски специјалци со велосипеди од Солун до Зебрњак (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На велосипед од Солун преку Грција и Македонија, 14 специјалци, полицајци и цивили од Србија денеска го посетија споменикот на Зебрњак во Старо Нагоричане.

 

Loading...

 

Членовите на здружението на специјалната бригада пред пет дена од Солун тргнале на оваа патување со велосипед и попат посетиле повеќе локации на споменици и гробници на паднатите борци за слободата на Србија.

 

 

По патувањето долго околу илјада километри, велосипедистите ќе пристигнат до Белград.

– Низ патувањето посетивме српски гробишта од првата светска војна во Штип, Битола, но со оглед дека поминавме низ Куманвоо не можевме да не го посетиме и споменикот од Балканската војна кој е дел од нашата историја, а ја заокружува целината од војните на крајот на 20-от век, изјави Иван Бонџиќ, член на екипа „По стазите на Солун“.

 

Loading...

 

Дневно влосипедистите минуваат околу сто километри и се задржуваат на поважните културни места од српската историја кои се наоѓаат и на територијата на Република Македонија.

– Ги уредуваме српските гробишта и цел ни е на нашата јавност да и скренеме внимание на историјата и на важноста на цртвата која ја положија нашите предци за нашата слобода и просперитет, изјави Бонџиќ.

 

 

Турата , како што изјави лидерот Миодраг Капор, е започната по повод 100 години од пробивањето на Солунскиот фронт и ослободувањето на Србија.

– На овој пат сами уредивме неколку гробишта, поставивме на три гробишта во Скочивир, Бача и Добровени табли со паноа, така што и домашното население а и туристите можат да ги посетат тие гробишта и да знаат за што се работи. Исто така сакаме да го промовираме велосипедизмот бидејќи во првата светска војска српската војска имала велосипедски единици како воени формации и ги промовираме специјалните единици кои исто така тогаш постоеле, изјави Капор.

 

 

На Зебрњак ги пречека и воениот аташе од Амбасадата на Република Србија во Белград, а попатно им се придружија и членовите на Велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“ од Куманово.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Leave a Reply