Српски државјанин приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На 01.08.2019 година во 14,30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Р.Северна Македонија при контрола на лицето Н.С.(39) од Р.Србија, кој управувал патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со српски национални ознаки, било констатирано дека VIN бројот на возилото е менуван, а типската налепница била фалсификувана, информираат од полицијата.

Loading...

Како што додаваат, лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply